Македонската фудбалска репрезентација оствари историска победа против Германија од 2-1 во Дуисбург во мундијалските квалификации.
Победата над Германија со 2-1 во Дуизбург, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година, во Катар, е најголемата победа досега во фудбалската историја на Македонија забележана против трофејни репрезентации. Германија е четирикратен светски и трикратен европски првак.
Во такви дуели против трофејни селекции, досега најголеми резултати на македонската фудбалска репрезентација беа ремијата со неколку од најголемите светски репрезентации.
Така, Македонија на средбите со Англија (некогашен светски првак) има две ремија, 2-2 и 0-0, двете на гости, потоа со Холандија (поранешен европски шампион) ремизира 2-2 дома и 0-0 на гости во ист квалификациски циклус, а со Италија (четирикратен светски и еднаш европски првак) одигра 1-1 на гости.
Се уште не престануваат воодушевувањата на фудбалскиот свет по големата победа на Македонија над Германија од 1-2 во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Честитки за успехот и признанија пристигаат од сите страни на светот кон македонските фудбалери.
Одличен настап на последните три средби, Романија, Лихтенштајн и Германија имаше Александар Трајковски кој постигна три гола (еден против Романија и два Лихтентајн.
Со тоа Трајковски изби на второто место на вечната листа на најдобри стрелци во Македонија, веднаш зад Пандев. Александар има сега 18 погодоци и го мина Ѓорги Христов кој со 16 гола падна на третото место.
За разлик од репрезентативниот план, на клупски поглед на Трајковски не му оди добро и ретко кога добива шанса за настап во редовите на шпанска Мајорка.
По настапите за Македонија, тој мораше сепак да се врати на клупските обврски, а за Мајорка тој замина како големите фудбалски ѕвезди.
Заедно со сопругата Александра и синот Матеј отпатува со приватен авион, за што сведочат снимките и фотографиите објавени на нивните профил на социјалните мрежи.