(ФОТО) Македонскиот пејач замина за Америка: Куферот ми е полн со нарачки, а ќе се вратам со најмалку два

  • By admin
  • септември 2, 2022
  • 0
  • 374 Views

Општо познато е дека САД е една од најпосакуваните дестинации за иселување или пак шетање во светот. Што би рекле некој земјата на можностите.

Токму во Америка живеат и работат голем број Македонци кои со годините наназад се иселиле таму и формирале поголема македонска дијаспора.

Кога станува збор за дијаспората, таа сака да се потсети на своите корени и потекло и да ја негува македонската култура и музика колку што може.

Па од тие причини се почесто македонски пејачи заминуваат преку океанот во Америка, Канада, Австралија или низ Европа на турнеи каде што имаат настапи.

Токму на една ваква турнеа од претходно најавена замина уше една нашо познат пејачк кој ќе ги забавува Македонците во Америка.

Станува збор за Влатко Лозаноски Лозано кој ги спакува куферите и одлета за Америка каде што веќе пристигна во Чикаго.

Пред тргнување од Македонија тој даде интервју за магазинот Бекстејџ каде што кажа:

„До сега имав три турнеи од кои една во Австралија и две во Европа. Сега еве во Америка и баш ми е мило што ќе ги видам нашите таму“ кажа Лозано и додаде:

Првио настап ми е закажан за 3 септември во Чикаго. Потоа следат Детроит, Њу џерси, Колумбус, Охајо, Мајами,Индијана, но имаме ислободни денови преку неделата, ќе се изнашетаме. Цел месец ќе сме таму.

На репрертуарот ќе има мои песни, но и наши македонски традиционални да ги испочутувам луѓет. Ќе пеам 100 посто македонски песни. Според информациите веќе се е распродадено.

Куферот ми е делумно полно со нарачки за таму, за наши луѓе, мои познаници, а и за назад имам нарачки, ќе ми требаат најмалку два куфери за враќање, се надевам дека и за трет нема да доплаќам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.