(ФОТО) Македонската пејачка среде плажа во Будва го развиори македонското знаме и покажа кој е кој

  • By admin
  • август 8, 2022
  • 0
  • 3856 Views

Временските услови проследени со топло време се идеални за плажа и море за секого. Годишните одмори веќе некои ги искористија, некои ги искористуваат, а некои допрва ќе ги користат.

Меѓу нив се и многу познати лице од јавниот живот кои и покрај обврските наоѓаат време да се спакуваат и да заминат на плажа.

Иако овој период, летото секогаш важи како плоден за добра заработка со оглед бројните настапи кои што ги имаат, сепак музичарите пронаѓаат време за плажа и море.

Со овие намери беше и пејачката Марија Тодоровска која во светот на естрадата е позната под уметничкото име Марија Луиса.

Згодната битолчанка која на пошироката јавност и стана позната не пред се поради нејзиниот изглед важи за кралица на бакшишот во Македонија.

Настапи не и недостигаат, а ретко некој од нејзините настапи да помине без добра сума на бакшиш од задоволните гости.

Со оглед на згуснатиот распоред и закажани настапи, Марија пронајде малку време и реши да замине во соседна Грција на одмор, но тоа не се случи пред околу еден месец.

Имено пејачката тогаш се огласи на Инстаграм и сподели дека била вратена од граничниот премин, а причината е помалку наивна, а тоа е што и истекол пасошот.

Сепак во меѓувреме се чини си го продолжила пасошот, па конечно виде мора годинава. Имено Луиса замина во Црна Гора каде се огласи од плажа во Будва.

Нашата згодна пејачка објави фотка на која гордо позира со развеано македонско знаме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.