Македонската фолкерка Марија Тодоровска или попозната како Марија Луиса во последно време станува се попопуларна и медиумски се поекспонирана.
Како што кажавме нејзиното вистинско име и презиме е Марија Тодоровска, а во светот на естрадата е позната под уметничкото име Марија Луиса.
Згодната битолчанка е фолк пејачка која на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови туку по нешто сосема друго – нејзиниот изглед.
Згодната битолчанка почна да има се повеќе настапи во македонскта престолнина, а ако го освоиш Скопје, велат си ја освоил и Македонија.
Имено, Марија Луиса отсекогаш изгледала привлечно, пожелно, ат рактивна, а на својите настапи прави и одлична атмосфера.
Пред неколку дена Марија реши да замине на одмор во Грција, но тоа не и успеа.
Имено пејачката се огласи на Инстаграм и сподели дека била вратена од граничниот премин, а причината е помалку наивна, а тоа е што и истекол пасошот.
После ова ја дочека уште една не поволна вест откако заврши во Клиничката болница во Битола каде што е хоспитализирана, па таа се огласи на Инстаграм и кажа за што станува збор:
Да не пишувам на секој посебно, имам голема ин фекција на синуси и ми се собриа вода. За седум дена ќе излезам од болница, па се надевам ќе ги продолжиме журките. Ви благодарам на сите што пишувате.