(ФОТО) Македонската пејачка во Куба – со коктелче во рака и на сончево време си ужива во Хавана

  • By admin
  • март 5, 2022
  • 0
  • 491 Views

Своевремено важеше за голема надеж на македонската музика, но реши да тргне по друг пат. Симпатичната велешанка Ноне Неделковска реши за друга професија која и носи и пари и задоволствот.

Ноне ја започнала својата музичка кариера со настап на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.

Таа учествувала во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место.

После ова, таа потпишала договор со Премиер Продукција.

Следувале настапи на музички фестивали во Македонија како што се Охрид Фест 2005 и Макфест 2005. Таа исто така настапила на меѓународните фестивали „Будва 2006“ (Црна Гора) и „Стари Град“ – Нови Пазар (Србија), каде освоила Гран При.

Во 2007 настапила на „Будва 2007“ (Црна Гора) и „Еуропоп-Зеница 2007“ (Босна и Херцеговина).

Ноне Неделковска е една од јавните личности која и покрај успешната кариера која ја имаше овде, се одлучи да ја напушти земјава и да отиде во потрага по подобар живот.

Иако долго време ја нема на музичката сцена таа сè уште е интересна за јавноста.

Убавата велешанка или како што многумина ја нарекуваат „џебната Венера“ е светски патник и веќе подолго време работи на брод.

Ноне Неделковска својата музичка кариера ја стави во мирување и реши да работи на брод, па секојдневно покажува како се ужива во животот.

Патувања, луксуз, егзотични дестинации, дружби, познанства … сето тоа е дел од нејзиниот живот сега, а секоја нејзина објавена фотографија изгледа како разгледница.

Како јавна личност, постојано ја поврдзуваат со разни момчиња, а за некои свои љубови и самата таа јавно зборувала.

Ноне периодов беше во Македонија, но деновиве реши да се спакува и замине, а на социјалните мрежи ја откри дестинацијата каде замина.

Тоа е островската земја во Средна Америка Бардадос која е дел карипската островската група. Па така Ноне овдешното студено зимо го замени со тамошното топло лето.

Но таму не се задржа долго па во меѓувреме замина во Куба, поточно градот Хавана каде што покажа како ужива.

Таа на својот профил на инстаграм сподели како си поминува во Куба, а од фотките се гледа како пие коктелче и ужива во убавините на ова весто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.