Емилија Розман, познатата македонската мисица, манекенка и модел знае често да биде интересна за јавноста.
Тоа неодамна го направи ооткако се вери со момче кое го познаваше само 24 часа, па по нецели две недели наместо свадба се случи раскинување на свршувачката, не само што е активна на социјалните мрежи, туку често знае да пошегува на своја сметка.
Емилија Розман важи за една од најубавите Македонки. Мисица, манекенка, топ модел која е навистина згодна и убава.
Таа стана актуелна во медиумите повторо откако во средината на јули му кажа „да“ на своето момче, Стефан Ангеловски, но набрзо стави крај на оваа љубов.
Имено, по свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле едвај неполни два дена и тој ја побарал за сопруга.
Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од интимната романтичното запросување, „се разведе“ од својот невенчан сопруг.
Некои ќе кажат „Се што е слатко, трае кратко“, но и за оваа таа сподели интересна порака на Инстаграм.
„Парови се гледаат по 10 години, па се венчаат и по една година се разведуваат. Тотални страници спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години од брак.
Некои се мажат по шест месеци и се уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те прави среќен“ – посочи Емилија.
Македонската мисица и модел Емилија Розман знае како да ужива малку подалеку од секојдневието, гужвата и секојдневните обврски.
Па така пред неколку дена Розман се огласи на социјалните мрежи и со пасош и авио карта во рака напиша: – Што ќе праиме вечер – еве малку во Шпанија, лабаво.
Розман преку Истанбул и Малага пристигна во монденското летувалиште Марбеља од каде што исто така објави по некоја фотка.