Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, попозната како Сања- Барбика во последно време се повеќе е барана надвор отколку дома.
Македонската барбика е доста активна, а во изминатиот промовираше неколку нови песни меѓу која и видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев.
Но, Барби и пред оваа песна секогаш знаела да го привлече вниманието на јавноста. Дали тоа било некоја нејзина песна или пак со прово кативниот изглед кој го „фура“ од почетокот на својата кариера, важно била во центарот на вниманието.
За македонската барби Швајцарија е веќе добро позната и омилена дестинација со оглед на тоа што и во минатото, пред вирусот таа беше чест гостин таму и имаше низа настапи кои секако носат добра заработка.
Па така Сања во последно време е многу чест гости во клубовите во Швајцарија кои очигледно и носат добра заработка за што најдобар пример е случајот од викендов.
Имено таа самата си објави на нејзиниот профилна Инстаграм како за само неколку секунди добива бакшиш од 700 швајцарски франка.
Но кој си го бидува, си го бидува, а за тоа доказ се последните нејзини снимки на Инстаграм од настапите викендов во Македонија.
Имено и петокот вечерта и саботата вечерта Сања имаше настапи на кои очигледно добро се офајдила со оглед на тоа што имаше бакшиш и тоа во повеќе валути.
Денари, евра, долари, можеби и некоја друга валута, но пара си е пара, па секако добро ќе и дојде. Очигледно на публиката и се допаѓа Цинцева и она што го прави, а не се штеди за да ја почасти.