(ФОТО) Ленин Јовановски се пофали со нова титула па порача: Додека сите бараат влез, јас вчера излегов од ЕУ

  • By klaster3
  • септември 30, 2022
  • 0
  • 339 Views

Ленин Јовановски е познат во јавноста и како директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“ и често пати може да го сретнеме во јавноста со изјава за медиумите и во оваа улога.

Ленин Јовановски, икона на моторџискиот живот, единствен и неповторлив по својата појава, уникат со своето име, а и претседател на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

– Моторите сме ги купиле и сме се здружиле, а посебно се зближуваме на тие долги патувања. Не верувам дека постои друг клуб кој во текот на една година толку многу и толку далеку патува.

Човек кој професионално се занимава во делот на сообраќајот со превоз, едуциран на два факултети,едниот на виша геодезија, градежен кај што сум ги почнал студиите, а потоа дипломиран инженер за патен транспорт.

Мора нешто да работиме, за да заработиме за да може да возиме мотор. Иако од моторџиството немам никаква финансиска придобивка, јас најмногу таму ги трошам парите.

Се трудам да обезбедам и средства за клубот и кога тоа ќе успее јас сум пресреќен. Таму се наоѓам себеси како личност, како човек кој направил и е дел од едно пошироко семејство.

И затоа се нафатив и на позицијата претседател на мотоциклистичката федерација на Македонија, која исто така е волонтерска.

Во 20 тина години на мотор и блаодарение на луѓето кои можеби препознаа некаква активност која треба да се вреднува оваа година ја добив и наградата 13 ноември за посебни заслуги за развојна спортот и негова афирмација, што ми беше многу драго, изјави Ленин.

Ленин Јовановски е често активен на социјалните мрежи каде споделува свои ставови и мислења во врска со некој настан во земјата, но и за да сподели делови од приватниот живот.

Така, Јовановски сподели новост за македонската јавност, односно се пофали дека станал доктор на науки откако ја одбранил докторската дисертација.

Додека сите бараат влез, јас вчера излегов од EU и добредојдов во Макeдонија со уште една титула пред моето име.

Од вчера сум со нов образовен и научен степен: Доктор (специјалност Финансии и банкарство.) со одбранета докторска дисертација на тема Финансиски мерки против перењето на пари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.