Никогаш во животот не знаеме колку долго ќе траат врските, па и браковите, со нашите партнери, па така ниту брачната заедница на позантиот македонски пар Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска не траеше долго.
Кајмакоски и стана познат на македонската јавност со победата на музичкото натпреварување х фактор Адрија, а потоа како претставник на Македонија на Евровизија во 2015та година.
Но, Кајмакоски како што се појави одеднаш, се чини дека така и го снема од македонската јавност, па иако многумина мислеа дека ќе има светла музичка иднина во Македонија, тој се повлече од сцената.
Беше претставник на Македонија во Виена за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната „Лисја есенски“ по победата на Скопскиот Фестивал 2014.
Извесно време познат му беше дуетот со познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ со наслов: Скопје или Београд, а после тој хит кон крајот на јануари годинава по подолга пауза објави авторска песна насловена „Глумим да волим”.
Ниту на приватен план не му беше ништо подобро. Се ожени со Кристина Димитриевска, добија син, но по три години заеднички живот се разделија. По ова Кајмакоски реши да се пресели во соседна Србија каде што живее во Белград.
– Луѓето ми дадоа огромна поддршка и затоа најдов свој дом овде. За мене остварувањето на мојот сон започна во Белград и можам да се пофалам дека имам привилегија да го живеам мојот сон, објасни Кајмакоски.
Додека тој сега живее и има музички ангажмани во Белград, неговата поранешна сопруга наеднаш се издигна на македонската музичка сцена и моментално е една од најбараните пејачки во клубовите низ земјава.
Кајмакоски очигледно цело лето бил ангажиран со работа затоа што дури сега, во септември, нашол време за да се одмори покрај море.
На официјалниот Инстаграм профил Кајмакоски сподели фотографии од плажа која се наоѓа на грчкиот остров Лефкада, а на една фотографија откри дека е во женска придружба.
По подолго време конечно ја откри својата нова љубов на социјалните мрежи и напиша: Преку 30 години го посетувам ова место и сеуште е иста молитва и иста желба како за мене и мојте најблиски, така и за сите луѓе на овој свет..
Господе дај ни здравје, мир, љубов и повејке време со оние кои најмногу ги сакаме.. Ви ја праќам сета љубов од ова свето место..Свети Наум Охридски.