Димитар Ковачевски aктуелниот премиер на Македонија се обрати на Македонската вечер која се одржува во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан.
„Прво, сакам да ви се заблагодарам на сите што дојдовте, но најпрвин сакам да му се заблагодарам на претседателот Вучиќ заради тоа што ако не ги решевме сите про блеми кои што постоеја помеѓу Македонија и Србија немаше да биде можно да направите своја вечер во друга држава, а да направите своја вечер во друга држава е единствено можно ако се чувствувате како дома.
Сакам да му се заблагодарам на премиерот на Црна Гора, на министрите од Црна Гора. На премиерот на Албанија, на министрите од Албанија кои што се присутни тука вечер.
Сакам да се заблагодарам и на поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, кој што практично е основач на Отворен Балкан иницијативата, заедно со премиерите Рама и претседателот Вучиќ.
Сакам исто така да се заблагодарам и на нашите пријатели од САД, тука е амбасадорот Хил. Тука се и претставниците на фондацијата Отворено општество. Тука се и претседателите на стопанските комори, претставниците на стопанските комори.
Меѓутоа она што е најважно тука се претставниците, директорите, менаџерите на компаниите кои што соработуваат помеѓу Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, се надевам дека ќе бидат тука и босанските компании, дека тука ќе бидат и косовските компании, се надеваме дека сите шест земји од Западен Балкан ќе бидат тука.
Затоа што ова е единствена иницијатива која што е автохтона и оригинална, која што потекнува од нас, сите други иницијативи јас ги почитувам, и Берлински процес и сите други интеграции, меѓутоа тие се иницијативи кои што доаѓаат од надвор, и кога ќе погледнам колку гости има секогаш и колку треба да ја кратиме листата на самити кога одиме, тоа е затоа зошто луѓето сакаат, и директорите и политичарите, и сите да одат на состаноците на Опен Балкан, затоа зашто ги сметаат за свои.
Зошто го имаме денес најдобриот саем според зборовите на претседателот Вучиќ, било кога направен во Европа, саем на вино, храна и туризам.
Ако го правевме само ние во Македонија јас од вино знам многу малку, саемот немаше да биде добар. Ако го правеше претседателот Вучиќ сам во Белград, тој не знае од продажба, бидејќи јас 20 години сум работел во компании.
Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност, меѓутоа кога ќе соберете на едно место експерт за вино, експерт за продажба и еден голем уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем.
Ковачевски се огласи и на својот профил на фејсбук каде сподели фотографии од настанот и напиша:
Огромна беше честа вечерва да се биде домаќин на „Македонската вечер” во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, што ја организиравме како дел од иницијативата Отворен Балкан.
На настанот на кој присуствуваа моите пријатели, лидерите на Отворен Балкан, дипломати, претставници на компании и стопански комори, преку промоција на македонските вина, храна, музика и туризам беше презентиран „Вкусот на животот“ во Северна Македонија.
Ќе продолжиме да ги вкрстуваме нашите патишта и заедно да развиваме еден поинаков, перспективен Балкан, којшто го посакува Европа, како дел од европската приказна!
На настанот имаше и музички дел, а за забавата се погрижи нашиот познат музичар Влатко Стефановски.