(ФОТО) Игор Џамбазов покажа колку може да биде роматичен – Ти си мојот живо

  • By klaster3
  • јули 31, 2022
  • 0
  • 323 Views

Игор Џамбазов, еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својата втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

-Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен кр ах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.

Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа во една прилика за Бекстјеџ Џамбазов.

Инаку, Илина Арсова е добро познато име во нашата држава, жена со повеќе професии и таленти, меѓу кои ликовна уметница, скијачка, алпинистка и планинарка.Илина стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м.).

– Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години – изјави Илина во една прилика.

– Јас аплицирам за некаков грант за спонзорство за еден историски подвиг којшто сум спремна да го направам, на пример да станам првата жена од нашата земја да се искачи на највисокиот врв на светот.

Истовремено се чувствувам како да сум на просјачки стап. Исто така беше и по враќањето од Монт Еверест. Јас се искачив на врвот, се симнав назад, доаѓам дома – националнава хероина наша е шворц, неодамна раскажа Илина за Шоу Магазин.

Меѓутоа, на приватен, односно љубовен план, љубовта и меѓусебното почитување им цветаат, па секоја прилика кога не се со работни обврски на македонската јавност и споделуваат по некоја заљубена насмеана фотографија од нив двајца.

Овојпат, Игор и Илина имаат посебен повод за славење затоа што на Илина денес и е роденден, па Игор јавно и го честита со пораката: Среќен роденден супер-жено моја! Ти си мојот живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.