Британската кралица Елизабета Втора вчера на 96 година возраст го напушти овој свет. Веста з упок ојувањто на најдолготрајниот британски монарх ја соопшти Бакингемската палата.
Британското знаме на врвот на Бакингамската палата беше спуштено на половина копје во 18:30 часот по локално време.
Во текот на денот голем број луѓе се собраа пред Бакингамската палата да и дадат поддршка на кралицата, откако кралските лекари соопштија дека се загри жени за нејзиното здравје и порачаа дека кралицата мора да биде под медицински надзор.
Владеењето на британската кралица Елизабета втора, траеше седум децении. Таа важеше за најмоќниот британски монарх, покрај тоашто беше кралица на Обединетото кралство таа беше и монарх на 16 земји од британскиот комонвелт.
За тоа време се сменаа и 15 британски премиери, од Винстон Черчил до Лиз Трас, која ја презеде функцијата пред само два дена.
Телеграми со сочуство до кралското семејство пристигнуваат од владите од целиот свет. Сочуство изрази и македонскиот преседател Стево Пендаровски
Веќе поранешниот македонски премиер и некогашен лидер на СДСМ, Зоран Заев пред неколку години лично имаше можност да се запознае со нејзе.
Заев доцна синоќа откако ја прими веста се огласи на својот профил на фејсбук каде објави слика од средбата со Елизабета и напиша:
Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година.
Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и политички водства во времињата кои доаѓаат.
Поч ивајте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Северна Македонија.