Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.
Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.
Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.
Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.
Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.
обро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.
– Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.
Денес Зоки е маркетинг менаџер во познатиот “МиКаса“ – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и убаво и квалитетно да се најадете.
Добро познато е дека е добар пријател со водителката Лила Филиповска и презентерот Спасе Јовановски со кои често се дружат за што сведочат многубројните фотографии.
Зоки Фаци е доста активен на социјалните мрежи така што секојдневно од него може да очекувате споделено стори, некоја фотографија или пак дел од атмосферата на работното место.
Па така и сега одлучи да сподели за него среќен момент, односно приреденото изненадување кое му го разубави денот на работа.
Имено, Зоки доби Тоблероне чоколадо и дрес од Фенербахче на кои го пишува неговото име.. Самиот се пошегува дека чоколадите ќе се продаваат на сите продажни места на Тоблероне, за веднаш потоа да објави дека е распродадено.
Покрај тоа, чоколади со посвета добија и неговите најдобри пријатели и колеги Лила Филиповска и Спасе Рола Јовановски.