Елена Ристеска е претставник на една музичка ера која одбележа еден убав период на македонската музичка сцена со хитови со кои пораснаа многу млади генерации.
Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.
Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.
За Елена Ристеска не сме слушнале или прочитале некаков новитет на музички план, но затоа веќе подолг временски период е комплетно ангажирана на својот козметички бренд „Ера“.
Елена неодамна сподели на социјалните мрежи дека замина од Македонија. Поточно, пејачката се пресели во Америка и напиша: „Најдраг Мајами, ништо нема да не раздели отсега па натаму“, стои во нејзината објава на англиски јазик.
Освен тоа, Елена не застанува ниту со градењето на музичката кариера, па сподели новост која ќе ги израдува нејзините фанови а станува збор за нејзино враќање на музиката.
Пред некој ден популарната Ера меѓу редови најави дека се подготвува за враќање активно на музичката сцена со настапи во живот:
Да ве потсетам на некои поубави времиња во музиката, на хитовите кои едногласно ги пеевме на концерти и песни кои се пуштаа на радио и телевизија.
Оваа 2022ра година навршуваат 20години од мојата победа на аудициите на М2 продукција организирани од неповторливите Дарко Димитров и ИВо Јанков.Дали сте спремни за концертна турнеја низ Македонија? Дали се’ уште ги паметите овие песни?
Како што е познато, таткото на Елена Ристеска пред неколку години по чина после кратко бол едување па од тој ден, Елена често се потсетува на нејзиниот родител и посветува емотивна порака како и овојпат:
Најпразните 6 години во мојот живот. тато. , напиша таа на нејзиниот профил на Инстаграм.