(ФОТО) Елена Ристеска од Турција се враќа со голема награда, па упати моќна порака

  • By admin
  • октомври 29, 2021
  • 0
  • 857 Views

Нашата позната пејачка Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.

Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Доказ за тоа е последната награда и тоа надвор од границите на Македонија што е уше еден доказ за нејзиниот квалитет.

Елена Ристеска се огласи на својот профил на Инстаграм каде што сподели низа фотки и притоа остави порака во која вели:

Пред два дена ја добив наградата „Најдобар претставник на македонската култура во светот“ на фестивалот „Best of Rumeli“ во Истанбул, Турција.

Благодарам Турција за оваа драгоцена награда, ми значи премногу. Фала Јусуф Емини што убаво го организираше овој настан. Турција+Македонија=пријатели.

Ти благодарам Даниел Николовски што остана во Истанбул неколку часа повеќе од планираното само за да се погрижиш за мојата фризура и шминка, те сакам брат мој.

И ти благодарам Мерсиха Казим што секогаш наоѓаш одличен дизајн да го носам, те сакам сестро.

Најдрага Ханка Палдум јас сум воодушевена од твојата прекрасна личност и прекрасната енергија, благодарам за одличното друштво.

И мојата најдрага сестра Драгица Ристеска мојот најголем поддржувач и моето се’! Те сакам до небото и подалеку.

Можеби наградите не значат многу во однос на музичкиот успех, но кога ќе ги погледнам сите награди на мојата полица, сфаќам дека тие покажуваат колку сум постигнала во мојата 20-годишна кариера. Одлично е чувство.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.