Како што е познато Ѓорге Иванов е македонски политичар, универзитетски професор и поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година.
На функцијата стапил на 12 мај 2009 откако победил на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат бил избран во 2014 година.
Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат.
Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество.
За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната, и спортската фела. На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија, и Црна Гора.
Неодамна во домот на Иванов имаше причина за славење откако го доби внукот од синот Иван кој исто така му го поднови името.
Иванов иако веќе извесно време не е на функција, сепак од време на време знае да биде активен на социјалните мрежи што беше случај вчера.
Имено екс претседателот во својот дом беше домаќин на музичката група Некс Тајм која за оваа прилика истакна:
Повторно добивме покана да бидеме гости во домот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов.
Добивме големи комплименти за нашата работа и за последното наше дело за песната “Кога падна на Пирина”, и за нашиот придонес за зачувување на културата и традицијата во Македонија.
Од прикажаната фотографија и од кадрите што можат да се забележат се гледа дека Иванов во својот дом го држи македонското знаме, а во позадина има плакар со книги.