(ФОТО) Една од најпознатите светски пејачки објави фотка со баба и во Гостивар

  • By admin
  • ноември 19, 2021
  • 0
  • 440 Views

Блета Бебе Реџа е пејачка и текстописец од Соединетите Држави, која има албанско етничко потекло од Македонија.

Бебе Реџа е родена на 30 август 1989 година во Бруклин, САД од родители Албанци, со потекло од Дебар, Македонија. Таа има и американско и македонско државјанство.

Започна да пројавува интерес кон музиката уште од 4-годишна возраст. Љубовта кон музиката ја продолжи и во средно училиште на Стејтен Ајланд. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.

Неодамна она кое привлече особено внимание на нејзниот профил на Инстаграм е фотографијата на која Бебе покажува тегла на која јасно пишува дека е македонски ајвар.

Таа е горда на своите потомци и корени и тоа не го сокрива, па така неодамна направи и една хумана работа.

Повеќе иселеници од САД, по потекло од дебарскиот регион, меѓу нив и светски познатата Блета (Бебе) Реџа, чиј татко е дебранец, донираа финансиски средства за Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствена заштита пружа за жителите од оваа и општина Центар Жупа.

-Кр вта не е вода а корените од каде потекнувате не се заборават, е стара поговорка, која еве токму нашинците во САД го потврдуваат и сега во овие теш ки моменти кои ги минуваме со пандемијата, како и многупати претходно.

Заедницата на иселенците од дебарско деновите во отворен фонд донираат средства, кој колку може, кои ќе бидат потрошени за неопходните потреби на нашата установа.

Позната Бебе Реџа, која колку што се гордее со дебарско потекло уште повеќе се гордееме ние со неа, донираше 10.000 долари а неколку дебрани и од Центар Жупа имаат донирано по 5.000 долари, изјави за Баки Алили, директор на болницата.

На нејзиниот профил на инстаграм може да се забележи дека има фотографија како мала како позира со својата баба во Гостивар.

„Јас и мојата прабаба во Македонија кога има четир години“, напиша популарната пејачка а на објавата собра безмалку 400.000 допаѓања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.