(ФОТО) Евгенија, сопругата на Вело Марковски jа споредуваат со Ким Кардашијан

  • By klaster3
  • јуни 2, 2022
  • 0
  • 454 Views

Д-р Вело Марковски и сопругата Евгенија Марковска се добро познат пар во јавноста, но и најозборуван најмногу поради разликата во годините меѓу брачните партнери.

Меѓутоа, тоа воопшто не допира до нив затоа што тие двајца се сакаат, почитуваат и покрај вообичаените коментари тие уште посилно ја докажуваат нивната врска.

– Без никакви очекување ја започнавме врската и не очекувавме дека ќе заврши врската со брак и со деца. Најмногу ме осови неговиот однос кој е грижлив, изјави Евгенија во една прилика за Бекстејџ.

– Има многу предрасуди во опшеството кој се наметнати од религијата. Проблем е бидејќи имаше и има уште дофрлување без да се знае суштината, секоја врска си е посебна.

– Клучот на успешен брак е толеранција и почитување и љубов, во одреден сегмент од животот една од овие три работи може да ги заборавите но потоа да ги надокнадите, завршува доктор Марковски.

Убавата Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Таа беше дел од спотот на песна од Пука козметика насловена со „Си го бара“, а истата година се појави и во некои фолк спотови како оној за песната „Пајтон Лено да ти купам” испеана од Иван Радески, нашинец кој живее и работи во Австралија.

Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, сега имаат син и ќерка, а Евгенија покрај дипломирањето се стекна и со титулата магистер.

-Мојата работа не е од 9 до 5 часот. Мојата работа е од кога ќе ги отворам очите додека ги затворам очите.Мајки, еден ден пак ќе спиеме,

Еден ден пак ќе ни биде средено по дома и ќе нема играчки насекаде, еден ден пак ќе имаме слободно време за себе. Децата брзо растат. Ништо не е тешко ако се прави со љубов, напиша таа за родителството.

Понежната половина на Вело Марковски е доста актуелна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде што често споделува фотографии.

Овојпат Евгенија сподели фотографија заедно со сопругот Вело од манифестацијата „Мајски оперски вечери“ во МОБ, каде што ја слушале операта „Аида“ од Џузепе Верди.

Со изгледот Евгенија никогаш нема промашување, секогаш е средена од глава до пети во зависност од приликата. Така и овојпат, во црн елегантен фустан со тантела кој навистина привлече внимание во јавноста.

Во некои од коментарите коишто следеа ја споредија со Ким Кардашијан, односно нејзиниот стајлинг е речиси ист како оној на познатата Кардашијан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.