Несоменено Влатко Миладиноски важи за еден од најбараните и најпознати фолк пејачки кај нас. Влатко по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство.
Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.
– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.
– Немам омилена песна, јас сум дипломиран музичар, дипломирав на класична музика и џез, генерално слушам секаква музика.
Има период дома кога пеам и по цела недела па домашните велат намали малку, а потоа пак има период кога не потпевнувам па велат зошто не пееш, вели низ шега Влатко.
Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.
Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.
„Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна“, изјави тој во една прилика.
Најголема поддршка на Влатко е неговата сопруга која има целосно разбирање за неговите бројни ангажмани. Вели дека му се исполнил сонот да има две ќерки – тоа се Илина и Андреа.
На социјалните мрежи ретко е активен и има само „фан страница“ која ја води негов близок пријател. Па така, Миладиноски се огласи со известување дека по долго време конечно ќе ја одржат турнејата во Австралија.
„ТУРНЕА ВО АВСТРАЛИЈА‼️ Долго очекуваната турнеа во Австралија,после три години, на триото Влатко, Дамјан и Златко ќе се случи во Ноември и Декември месец оваа година…
Да ги повториме средбите и дружењата со сите наши ширум Австралија….Здравје живот, се гледаме…‼️“, напиша тој.