(ФОТО) Гавазова проговори за гените на Сани, а оваа се стопи од среќа: Срцка моја

  • By klaster3
  • јули 1, 2022
  • 0
  • 609 Views

Олабавувањето на мерките после пандеми јата несомнено им ги отворија ширум вратите на естрадните уметници кои заработуваа за леб настапувајќи по локалите во земјава и странство.

Македонските естрадни уметници веќе ги закажаа летните и зимски турнеи кај македонската дијаспора ширум светот. Една од најпосакуваните земји за настапи несомнено им е далечната Австралија.

Фолк-пејачката Сања Сани Гроздановска заедно со неколку познати музичари од минатиот месец ја започнаа турнејата во Австралија, со што и се исполни најголемата желба на пејачката Сани.

Македонците едвај ги дочекаа бидејќи знаат дека забавата со Сани и Кико Божинов секогаш е загарантирана, а за тоа сведочат фотографиите и снимките кои ги споделија на социјалните мрежи.

Атмосферата не остана несподелена, па сите нивни фанови на Фејсбук можеа да забележат дека целата присутна публика е на нозе и се фатила на оро.

Освен Сани, Македонците во Австралија ќе ги забавува и струмичанката Сузана Гавазова за што пред извесно време најави на нејзиниот Инстаграм профил.

Неодамна беше на семеен летен одмор на еден од најпознатите и луксузни грчки острови Миконос каде што ја истакна својата извајана, извежбана фигура во минијатурни бикини.

Од она што го споделува со нејзините фанови, повторно е на море и наголемо ги полни батериите за следните настапи во летниот период.

Сузана и Сани важат за едни од најпопуларните фолк-пејачки кај нас. Фановите велат дека и едната и другата знаат да направат џумбуш кога ќе почнат да пеат.

Често може да ги видиме и како се дружат и излегуваат приватно покрај снимањата на телевизиските емисии, но за нивното добро пријателство сведочи и преписката од разговор којашто Сани си ја сподели на Инстаграм стори.

Имено, Сани сподели нејзина фотографија со опис: Можеби и не треба да бидеме толку добри со некои луѓе…Туку мора да бидеме лоши за наше добро!!

А на тоа, Гавазова и се запраша: Како ќе бидеш лоша кога си добра? Тоа лошото мора да ти е во гените а ти такви гени немаш, а Сани се стопи од среќа и ја нарече срцка моја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.