(ФОТО) Гавазова порача: Кога ќе изгубиш пари, не губиш ништо

  • By klaster3
  • јуни 24, 2022
  • 0
  • 400 Views

Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова се почесто е присутна во медиумите, а има и зошто. Сузе која важи за една од нашите најубави и најзгодни жени на македонската јавна сцена знае како да привлече внимание.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со војата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.

Со професионална музичка кариера почнала да се занимава уште од многу млада, а денес е една од најбараните пејачки надвор од Македонија.

Зад себе има голем број на турнеи не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија, а на почетокот на годината за првпат и во Данска.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.

Откако се врати од семејниот одмор на Миконос, Гавазова не престана со објавите како приготвува и јаде домашна храна – од разни чорби со слатки и солени пити.

Освен тоа, нејзините фанови се уште ги прово цира со неодамна направените фотки во бикини покрај плажа или на базен, а коментарите не стивнуваат. Сепак, изгледа допреле до нејзе затоа што и таа имаше што да им врати.

„Читам коментари за мене и не ми се верува колку грди зборови можат да напишат некои луѓе (воглавно мажи) и се прашувам зошто?

Вие што мислите, зошто? Кај нас жената е многу навредувана и тоа не е во ред! Размислете малце пред да напишете глупост! Почитувајте го тоа што е ваше! Барем со молчење ве молам!“, напиша Гавазова.

Како и обично, секојдневно си споделува некоја фотографија од приватниот или професионалниот живот, а често знае да упати и некоја порака или мудра мисла до јавноста. Така, истакнувајќи ја својата извежбана става таа напиша:

„Кога ќе изгубиш пари не губиш ништо, Кога ќе изгубиш здравје, губиш нешто, Кога ќе изгубиш карактер, губиш се!“, за што е навистина во право.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.