Една од нашите најдобри и најубаво фолк пејачки Сузана Гавазова празниците ги минува работно и тоа далеку од родната држава.
За тоа дека Гавазова им е омилена пејачка на нашинците во Америка, зборуваат и нејзините тамошни концерти во минатото.
Пред пандемијата, таа беше една од најбараните македонски пејачки во дијаспората, и зад себе има голем број на турнеји не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија и други држави.
Како што е познато популарната Сузе за Божиќ замина во САД каде што имаше два настапи помеѓу македонските иселеници таму.
Гавазова имаше настап првин на седми јануари во црквата Свети Никола, а пота и со Божиќен концерт на осми јануари во просториите на Македонски културен центар во Краун Поинт, Индијана.
Со репертоар од стари македонски песни, во салата каде се служеле македонски специјалитети, Гавазова им приредила весела дружба на гостите.
Видео снимки и фотографии од настаните се споделуваат на социјалните мрежи, а пејачката доби низа на комплименти за изгледот, но и за настапите.
Има 42 години, но не крие дека редовно вежба и се храни балансирано, со цел да биде здрава и да го зачува одличниот изглед.
Исто така, Гавазова е една од ретките пејачки која не се случило да одбие учество во некоја хуманитарна акција, а ги донираше и субвенциите кои државата им ги додели на музичарите како помош поради пандемијата.
По враќањето од Шведска, каде живееше неколку години и каде ги доби двете ќерки, таа повторно се врати во Македонија пред три години и сега со семејството живее во Струмица.
Токму на ова патување во САД е со своите најсакани, со фамилијата, поточно со сопругот и двете ќеркички.
Откако имаше настап два на кои и доби долари како бакшиш што се гледа од видеата и фотките, таа денеш реши да се качи на авион и да го продолжи патувањето на овој континет.
Таа со своите следачи на социјалните мрежи сподели дека заминува за Мајами.