Кога станува збор за македонската музичка естрада едни од најбараните и најслушани фолк-пејачки ширум земјава и странство се секако Сузана Гавазова и Сања Сани Гроздановска.
Забавата со Сузе и Сани секогаш е неизбежна, а за тоа сведок се многубројните одржани настапи и веќе закажани летни турнеи како низ Европа така и преку океанот.
Сани веќе ја заврши летната турнеја во Австралија, па периодов го користи малку да се одмори и да ги наполни батериите за следниот период.
Покрај македонски пејачи и македонска песна публиката мора да е и повеќе од задоволна, во Австралија немаше човек кој не стана да заигра на песните на Сани.
Така, групата музичари кои беа во Австралија не и останаа должни на публиката, па и се заблагодарија, но и на организаторите кои им овозможија да ја одржат големата австралиска турнеја.
Освен Сани, Македонците во Австралија ќе ги забавува и струмичанката Сузана Гавазова за што пред извесно време најави на нејзиниот Инстаграм профил.
Затоа, пак, и Сузе покрај настапите на свадби, периодов нема многу ангажмани па си го користи летото максимално. Летната сезона ја започна со одмор ни повеќе ни помалку туку на островот Миконос.
Фотките коишто ги објавуваше оттаму со сигурност ги запа лија социјалните мрежи затоа што еден краток период главна тема беше нејзината вита фигура по медиумите.
Потоа накратко замина на плажа повторно во Грција, за веќе сега да е во познатата туристичка дестинација за одмор Будва. Таму се сретна со нејзината пријателка и колешка Сања Сани – момент кој мораше да се овековечи со фотографија.
Двете често може да ги видиме и како се дружат и излегуваат приватно покрај снимањата на телевизиските емисии, но за нивното добро пријателство сведочи и преписката од разговор којашто Сани си ја сподели на Инстаграм стори.
Сани сподели нејзина фотографија со опис: Можеби и не треба да бидеме толку добри со некои луѓе…Туку мора да бидеме лоши за наше добро!!
А на тоа, Гавазова и се запраша: Како ќе бидеш лоша кога си добра? Тоа лошото мора да ти е во гените а ти такви гени немаш, а Сани се стопи од среќа и ја нарече срцка моја.
Фолк-пејачките моментално се на летување во Будва, па од таму испратија заедничко Инстаграм стори со коешто порачаа: „И ночас че Будва да плаче“ или во превод „И ноќеска Будва ќе плаче“.