(ФОТО) Водителката на Брза кујна го покажа новиот шеф кој ќе го замени Шеф Марк – многу наликува на него

  • By klaster3
  • септември 23, 2022
  • 0
  • 332 Views

Можеби едно од најомилените и најгледаните кулинарски шоуа на македонските тв екрани е секако „Брза кујна“ која се емитува секој работен ден ан Сител од 17 часот.

До завршувањето на претходната сезона водителка беше Сања Савеска, а шефови познатите шеф Марк де Јонг и шеф Никола Мишковски.

Сања Савеска е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.

Познатиот шеф Марк Де Јонг, готвачот од Брза кујна, брзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на ТВ „Сител“.

Она што ја изненади јавноста изминатиов период е објавата на шеф Марк дека после цели 7 години го напушта кулинарското шоу Брза кујна и преминува во освојување на нови преди звици.

Тој со шеф Никола секојдневно на тв екраните подготвуваше превкусни рецепти со кои ја освои пошироката публика. Познат е по специфичното мешање на вкусови во готвењето и по користењето на неговото омилено лукче!

Оттогаш па наваму јавноста постојано е под знак прашалник кого ќе го гледаат како шеф во тимот на пиперките во новата сезона.

Снимањата на епизодите веќе почнаа, а водителката Сања Савеска конечно откри кој ќе биде новиот шеф на тв екраните.

„Нов тим, за нови изненадувања во новата 8-ма сезона на најгледаното кулинарско шоу Брза Кујна!!Наскоро на ТВ Сител!  Во редовниот и добро познат термин, секој работен ден во 17.00 часот

Оваа сезона , шеф Бобан Симоновски ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.

Асистентите кои ќе бидат дел од оваа сезона ќе имаат можност да готват со едни од најдобрите готвачи во Македонија и регионот. Вистински професионалци, со богато искуство и познавање во кулинарство.

Шефовите, заедно со водителката Сања Савеска, секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, и ќе понудат многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.Наскоро на ТВ Сител
8 – ма сезона на Брза кујна !!!“

Имено, таа сподели Инстаграм приказна на својот профил со фотографија од неа и новиот шеф, поточно старо-новиот шеф, познатиот Бобан Симоновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.