Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.
По потекло е од село Јаорец, кичевско и е еден од ретките естрадни уметници кој не е активен на социјалните мрежи, а кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.
Со неговите песни тој е познат не само на македонската сцена, туку и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.
Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.
– Едно нешто не толку да ме изнервира, туку ми смета кај одредени, што пред се не си ги пеат своите, лично своите песни туку се трудат со странски да се докажат. Тоа е погрешно.
Многу повеќе е како препорака, да си ги пеат своите песни. Ми смета тоа кога ги забораваат своите песни, истакнa Влатко во интервју за Магазин.
– Јас често патувам и навистина уживам во секое патување. Секогаш имам простор за релаксирана прошетка таму каде што настапувам. Некако Цирих би го издвоил кој често го посетувам и за кој ме врзуваат убави спомени.
Јас сум човек кој сака природа. Затоа и Ботаничката бавча би ја издвоил и еден ден сакам да ја одведам и сопругата за да ужива во тој рај за очите. Но, ниедно место не би го заменил со нашата мила Македонија и Кичево“, вели Влатко.
Најголема поддршка на Влатко е неговата сопруга која има целосно разбирање за неговите бројни ангажмани. Вели дека му се исполнил сонот да има две ќерки – тоа се Илина и Андреа.
Миладиноски пред извесно време се огласи дека конечно ќе ја одржат турнејата во Австралија. „Долго очекуваната турнеа во Австралија,после три години, на триото Влатко, Дамјан и Златко ќе се случи во Ноември и Декември месец оваа година…“
Во меѓувреме на Фејсбук страницата на Влатко знае да се најде по некоја објава од претходни турнеи или настапи во земјава и странство, па така и сега Влатко се потсети на убавите денови минати во музика со нашинците во Италија.
„Да се потсетимe на еден убав и долг викенд во Италија. Бевме гости на моите пријатели Лазареви, по повод 18 тиот роденден,полнолетство на Михаела и роденден на Ален!
Благодарност до нив и до нивните воедно и наши пријатели! Сето тоа се случуваше во рест. „Бјанка Ланча“ кај Ласте Јосифов“, стои во објавата на Влатко.