(ФОТО) Весело беше: Со зелници и оро се прослави реновирањето на домот на Атиџе

  • By admin
  • февруари 27, 2021
  • 0
  • 4835 Views

Познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка Сузана Турунџиева важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

Популарната Сузе објави на својот профил на фејсбук пост со фотки од пред домот на Атиџе каде што се играше и се мезеше и пиеше. Беше весело, а причините ги наведе во постот:

Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза.

Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна!Ви благодариме

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.