Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, се верија на почетокот на оваа година.
Како што е познато Дунавка и Ване се во врска од минатото лето кога уживаа заедно на одмор во Турција.
Овој пар важи за еден од најпознатите на македонската јавна сцена со оглед на тоа што се луѓе од јавната сфера.
Двајцата често на социјалните мрежи ја искажуваат својата љубов преку објави во вид на статуси и фотографии, а и често заедно патуваат.
Токму затоа тие се привлечни за медиумите и публиката која како и за многу други познати јавни личности, сака да дознае нешто повеќе, пред се од приватниот живот.
Ване Цветанов се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели една радосна и воедно убава вест во која што се вели.
Почитувани пријатели,во очи на утрешниот голем Христијански празник Прочка, Ве молам да ми простите што не Ве информирав во вторникот на 09.03.2021, дека со Дунавка Трифуновски во Црковниот Храм Свети Димитрија СКЛУЧИВМЕ ЦРКОВЕН БРАК!
Целокупниот тек на церемонијалните и црковните активности беше усогласен согласно ковид протоколите.Од 09.03.2021. ВЕ САКАМЕ!