Според некое непишано правило, за годините на припадничките од понежниот пол не се зборува, бидејќи на секоја возраст жената си носи своја убавина.
ТВ водителката Билјана Дебарлиева важи за една од најубавите познати дами, кај која годините како да немаат никаква улога.
Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува.
Таа е една и од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик преку совршеното изговарање на зборовите додека ги презентира дневните вести.
Дебарлиева својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти. Брои скоро 30 години активна работа на телевизиските екрани.
– Прво кога почнав имаше најава и одјава на програма, ние бевме тогаш најавувачки. Тоа беше првиот чекор, ама многу брзо после тоа – после еден месец, почнав во утринската Добро утро Македонијо како водител.
Не знаев ништо, знаев само да прочитам денеска во 17:05 или во 19 часот ќе бидат вестите и ми велат сега ќе бидеш водителка. Добро, седнав на тоа столче, ми беше чудно, бев малтене како изгубена, седната и еден глас тивок, нежен, призна Билјана за Г-Карпет.
„Во години сум кога се појавуваат и првите знаци на стареење на кожата, првите брчки, но ништо од тоа не ме плаши, туку ги прифаќам како еден природен животен тек и гледам колку што можам да го забавам тој процес.
Знам да си помислам, што ќе биде по 5 или 10 години, ќе бидам ли како оние жени кои изгледаат убаво и негувано и во својата 6-та или 7-ма деценија? Ама уште е рано за да се оптоварувам со такви мисли, си го живеам мигот и моментот и убаво се чувствувам.
На социјалните мрежи Билјана ретко е активна, освен во исклучителни прилики кога ќе сподели некоја фотка од приватниот живот или кога треба да рекламира некој производ.
Но, овојпат објави една ретко видена и заборавена фотографија од минатото, направена пред скоро 24 години кога на млади години изгледала исто толку убаво како и денес.
„Некои заборавени фотографии ти го даваат она чувство дека е убаво да се потсетиш на младоста. Далечната 1198ма, 99та“, сподели Дебарлиева.