(ФОТО) Аце од Штип тргнува во голем потфат: Ќе гради куќа од темел за семејството од Ерџелија

  • By admin
  • март 24, 2021
  • 0
  • 932 Views

Хуманитарецот Александар Горгиевски од Штип од дене на ден се повеќе ги освојува срцата на луѓето во Македонија со своите потези.

Тој утрово на својот профил на фејсбук повторно се огласи и сподели:

Како и секоја работа што сум ја почнал и оваа во С. Ерџелија ќе ја терам професионално и плански, фаза по фаза.

Kако што гледате веќе имам проект по кој ќе се работи и благодарен сум на еден наш Штипски Бизнисмен кој ми помогна околу оваа работа а сака да остане анонимен.

У меѓу време видовте јавно објавив и дека се обезбедени и багери и механизација за да ја срушат старата куќа и го очистат просторот за да може да се стартува.

Драги мој пријатели Македонци овде ќе сака многу време труд и посветеност и финансиски сретства за да успееме ова да го завршиме и да помогнеме на една фамилија која и те како живееше страшно до сега.

Телефонот ми е блокиран од пораки 5000 луѓе ми пишуваат. Ве молам малку за разбирање јас сеуште одам на работа и имам 1000 обврски на кој треба да мислам затоа што планирам додека се гради куќава или да живеам во Свети Николе или во Село Ерџелија.

Морам да барам фирми за материјал морам да барам мајстори морам да мислам на се и потребен ми е мир ве молам сватете дека ова се сериозни работи кој сакаат сериозна координација.

До крајот на неделава ќе биде и формирана мојата “Хуманитарна Организација Александрија” јавно ќе биде објавена и жиро сметка на која секој што сака да помогни ќе може да донира.

До тогаш ве молам стрпете се сакам да си биде се јавно транспарентно како и се до сега олеслителна околност ни е што ни е најавената помош од Општина Свети Николе и таткото на градот што не мотивира и дава сигурност.

Стартот на оваа хуманитарна акција стартува од 5 април а јас до тогаш у координација со градоначалникот Сашко семејството ќе го сместиме во друга куќа во која ќе живеат додека и се гради новиот дом а моите работни обврски во НИКОБ завршуваат на 1 Април до тогаш морам и таму да бидам посветен максимално професионално .

ВЕ молам имајте разбирање сите што ме барате за помош и јас сум човек од кр в и месо сакам да помогнам секаде но невозможно е не сум дете на моќник, не сум институција.

Народе и јас сум работник кој за 18000 денари работи каде што можев секаде помогнав овие 10 дена на 20 фамилии лично помогнав но ве молам имајте разбирање не сум семоќен. Александар Горгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.