Ѕвездите од домашната јавна сцена отсекогаш ги следеле трендовите, а нивните фотографии од минатото знаат да ги изненадат своите фанови.
На страницата на Инстаграм која ги чува од заборав сите настани, состаноци, собири, концерти, турнеи кои ги имаа пејачите, излезе нова објава која позитивно ги изненади сите.
Кога ќе се спомне името на Аца Лукас веднаш се асоцира на добра забава, човек кој со години е на естрадата и еден од најдобрите изведувачи на Балканот и пошироко.
Каде и да настапува ги полни клубовите а забавата е загарантирана. Фолк пејачот Аца Лукас е еден од ретките луѓе од естрадата кој без влакна на јазикот зборува за сите теми и лесно го кажува своето мислење, колку и да е сур ово.
Малкумина знаеја дека Аца Лукас, Иван Гавриловиќ и Ненад Кнежевиќ Кнез се дружеле во деведесеттите, а едно нивно заедничко појавување го одбележа споменот.
Она што е воочливо на ,,прва” и колку е забележливо, е тоа што пред три децении Лукас беше многу послаб и имаше поинаков стајлинг од денешниот.
Како што беше модерно во деведесеттите, кога горните делови од облеката се носеа во панталони или тренерки, така и Аца го практикуваше, така и неговиот метален ремен, кој тогаш беше х ит, и впечатлив.
Исто така, неговиот колега Иван Гавриловиќ бил слаб во младоста, додека Кнез три децении подоцна изгледа речиси исто, само што денес има уште неколку брчки.
Да потсетиме дека Лукас неодамна заврши во болница поради бо лки во стомакот, каде помина неколку дена на преглед. Тој подоцна објави дека е добро и даде детали за неговата здравствена состојба.
– Вистина е, но еве, ќе ви кажам: се чувствувам одлично! Само она што сите сакаат да го слушнат, ќе ви кажам и јас, се е под контрола.
– Добро сум, навистина сум добро. Имаше премногу оптоварување на телото и сега ми треба мини одмор. Да соберам енергија.
Од друга страна, луѓето кои не разбираат како функционира животот може да го дознаат тоа веќе на првата страница од мојата книга каде што велам дека животот е тешко сра ње. Не само на мене туку на сите.