„Медена земја“ ќе стане филмска лектира за учениците и студентите, но и лекција за животната средина која внимателно треба да биде анализирана од надлежните институции
Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.
Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена.
Атиџе моментално престојува во селото Дорфулија во општина Лозово, место кое од нејзиното родно село Бекирлија е оддалечено околу 18 километри.
Во ова место, со помош на нејзините пријатели со кои го снимала документарецот, успеала да дојде до куќа за која верува дека животот во иднина ќе ѝ го измени кон подобро.
Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.
Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.
Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.
За разлика од многумина кои ја искористија петминутната слава за да бидат во друштво со Атиџе, Сузе и остана верна пријателка па тие две речиси секој викенд се дружат.Дали Сузе ќе отиде на гости кај Атиџе или обратно таа во Скопје е неважно.
Минатата седмица Турунџиева за празникот Рамазан Бајрам ја посетата на Атиџе во селото Дорфулија, општина Лозово а во таа прилика покажа како ја подготви трпезата Атиџе за празникот.
Потоа Сузе информираше дека Атиџе, Кралицата на пчелите премиерно оваа година ќе одгледува пиперки и патлиџан под фолија. Аирлија нека е, да и се множат плодовите.
Сега и дојде ред на Атиџе да биде гостинска на Сузе па таа викендов ќе биде во Скопје, а дружбата веќе започна.Турунџиева објави прво фотка со Атиџе над која напиша:
За да неколку часа подоцна Турунџиева повторно се огласи со две нови фотки над кои напиша: -Ние се вакцинираме, вакцинирајте се и вие. Огромна благодарност до сите медицински работници и волонтери!
Денес Сузе и Атиџе повторно се дружеа и повторно ги изненадија нивните фанови со денешната активност. Имено овие две дами заминаа во теретана и започнаа да вежбат.
-Доаѓа лето, и сите сакаме да сме фит!Хе роината реши да ги користи сите совети и препораки на еден од најдобрите сертифицирани фитнес тренери кај нас – Анатолиј Романов
Превкусна рибја чорба во омилениот ресторан на Атиџе…. Викендот може да почне!