Димитар Апасиев важи за македонски политичар кој во последните години благодарение на своите излагање во јавноста и ставови привлече големо внимание.
Апасиев е правник, универзитетски професор и претседател на македонската политичка партија Левица. На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во македонското Собрание откако неговата партија за првпат освоила две пратенички места, воедно придружуван од Борислав Крмов.
Апасиев дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при најстариот прворангиран македонски Државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек:
Правни студии, потпрограма: Римско право. Неговата магистерска теза носи наслов „Јавноправни институти на Римското право реципирани во денешните правни системи“; а докторската дисертација, „IUDICIA PUBLICA – Римското кривично процесно право (со посебен осврт на правосудниот систем во времето на Републиката)“.
Неговиот континуиран просечен успех постигнат на прв, втор и трет циклус студии е 10.00 (десет) – без ниту еден преполаган испит во текот на школувањето.
Носител е на наградите: Златен Цицерон – како двократен апсолутен победник на традиционалните Ораторски вечери „Иво Пухан“;
Плакета Јустиција за најдобар постигнат успех на правни студии – како првенец на повеќе генерации; јубилејната Деветтоноемвриска награда проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов за најдобар студент на општина Велес и уште десетина други.
Бил на студиски престој на најдобриот руски Државен универзитет „Ломоносов“ (Москва), а бил стипендист на Министерството за образование и наука на РМ (четири години); на Фондацијата за талентирани студенти „Коле Неделковски“ (две години); на European Public Law Center (Kikones Programme за млади правници); како и на Россотрудничество (Программа: Новое Поколение).
Важи за еден од најследените и најкоментирани македонски блогери на Инстаграм. Јавноста го знае како Дарко Влогс, а неговото вистинско име е Дарко Јефремов.
За оние кои не знаат, Дарко Јефремов е Македонец кој живее и работи во Америка. Јавноста кај нас го запозна пред неколку години кога тој почна да постира интересни сатирични видеа, на кои правеше пародија на Сергеј Варошлија.
Дарко видеата ги прави од своето работно место, камионската кабин и без сомнение важи за еден од најпопуларните Македонци во Америка.
Тој пред некој ден по подолг период реши да си дојде на одмор во својата родна држава, па на својот профили на Инстаграм објави фотка со Димитар Апасиев.
Со оглед на популарноста која ја уживаат двајцата, прашање е кој прв пришол и побарал да се фотографира.