(ФОТО) Антонија Гиговска го откри човекот кој и ги исполнува сите нејзини желбички

  • By klaster3
  • август 30, 2022
  • 0
  • 305 Views

Антонија Гиговска е едно од младите музички имиња на македонската сцена која штотуку ја почнува својата музичка кариера и е меѓу омилените кај младата популација.

Антонија Гиговска е победничка на музичкиот фестивал „Макфест 2018“. Со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ и 30 освоени гласови таа го освои првото место на реномираниот фестивал.

Истата година беше избрана за придружен вокал на групата Eye Cue која ја претстави Македонија на Евровизија 2018 и придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија 2019.

Како што и сама изјави неодамна за Фокус, пејачката не се плаши од ништо и би сакала да учествува на Евровизија со оглед на реакциите коишто најчесто следуваат од македонската јавност.


.
Со своите емотивни изведби за време на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, никој не оставаше рамнодушен и секоја нејзина изведба брои многу прегледи на Јутјуб.

Антониа, освен што изгледа феноменално, може да се пофали со уникатни вокални способности, а симпатиите на Балканот ги освои откако беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младата пејачка незапирливо ја продолжува својата музичка кариера. Секогаш е стилизирана, инспиративна за своите фанови, но и активна на Инстаграм, каде брои над 100.000 следбеници.

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите.

Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Неодамна Антонија повторно беше во фокусот на јавноста откако го откажа својот настап за годишнината од Рамковниот договор, со потенцирање дека не сака да настапува на политички настани.

Ја следи светската сцена и секогаш сака да експериментира со стајлингот на настапите, а што се однесува до грижата за нејзината фризура, Гиговска се препушта во рацете на познатиот стилист Даниел Николовски.

Така, Антонија после средувањето во фризерски салон, објави слика во која е комплетно плавуша и напиша: „Исполнувач на сите мои жекбички, како ви се чини?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.