(ФОТО) Александра Заева зачекори на теренот на еден од најпознатите фудбалски стадиони во светот

  • By admin
  • април 25, 2022
  • 0
  • 591 Views

Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, Александра во последно време се почесто ја има во медиумите. Младата девојка знае како да ужива во животот и често патува надвод од Македонија со своите пријатели.

За Александра е познато дека одбра да се образува надвор од Македонија, но не многу далеку туку во соседна Бугарија.

Во едно интервју, Зоран Заев изјави дека неговата сопруга Зорица е онаа која што повеќе време поминува со децата и се грижи за нив, а како пример ги наведе и родителските средби на која што оди таа.

Александра својата убавина ја наследи од својата мајка, а на нејзиниот шарм никој не е рамнодушен. Воедно таа е првото дете на Зоран и Зорица Заеви.

Во едно интервју Зоран Заев за својата ќерка рече дека таа имала голема желба да стане докторка па затоа се запишала на медицина. Тој кажа дека за прват во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.

Тој тогаш објасни дека Александра ја одбрала Бугарија, а не Македонија зошто тука би била ќерката на премиерот, а не обичен студент, а таа не сакала така да ја гледаат.

Александра е доста активна на социјалните мрежи а по објавените фотки може да се заклучи дека има префинет вкус за мода.

За ќерката на Зоран Заев познато е дека е голем љубител на зимските спортови, особено скијањето, нешто кое го практикува често.

Како и години наназад, така и оваа зима Александра оди на скијање, па така неодамна беше случај кога беше во француски Шамони во масивот Мон Блан во рамките на француските Алпи.

А потоа и во соседна Бугарија поточно во Банско каде со друштво објави како си поминува и на стаза и во локали.

Освен тоа Александра е голем љубител на патувањата, па овојпат за Велигден реши повторно да прошета. Беше во Франција, а сега е во Шпанија.

Па така денес беше во Барселона, па притоа посетата на градот ја искористи и да отиде на Камп ноу, стадионот на Барселона кој важи за еден од најубавите фудбалски стадиони.

Стадионот, сместен во западниот дел од градот, е домот на ФК Барселона уште од неговата изградба во 1957. На него се одиграле повеќе меѓународни мечеви на сениорско ниво и финалиња на Лигата на шампионите, од кои последното беше во 1999.

Има сместивост од 99.354 седишта, правејќи го најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот.

Не е познато дали Александра навива токму за овој клуб, но она што е се знае е дека сака фудбал за што сведочат и фотките на нејзиниот профил на Инстаграм од натпревари, како што беше оној во Скопје помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.