Адријана Ацевска или во јавноста позната како Адријана Кеш е една од најатрактивните пејачки на сцената. Својата популарност ја стекна со големиот хит „Кеш, кеш“ кој за неверојатно брзо време ја освои публиката.
Во музичката кариера врвот го достигна со песните “Мафија ш”, “Кеш”, “Ро бинка“, особено поради прово кативните текстови кои ги пееше.
„Песната „Кеш“ ми беше пресврт во кариерата. Кога ја снимив, можеби не бев подготвена. Кеш ме обележа. Драго ми е што и ден денес се вратат, се пеат на моите настапи.
Името го добив по песната и мило ми е што ме препознаваат по некоја моја песна“, кажа пејачката во едно свое телевизиско интервју.
Со музика се занимава од најрана возраст – уште на 7 години беше дел од хорот на Сидо фестивалот. По потекло е од Битола, а долги години опстојува на македонската музичка сцена и може да се пофали со успешна кариера.
– Да се биде јавна личност е една од најтешките професии и тешко кој може да го издржи тој пр итисок, особено кога си жена. Некогаш ми годи кога се најдени вистинските зборови за физичкиот изглед, но би сакала повеќе да се зборува за трудот кој го вложуваме, изјави таа.
Во интервју за весникот Вечер во 2011 година изјави дека никогаш нема да стави силикони или да го коригира телото, но со текот на времето го смени својот став и тоа драсти чно.
Изминативе две години покрај панде мијата и ограничувањата им ги скратија настапите на сите естрадни уметници, па некои од нив беа приморани спас да бараат во други професии. Меѓутоа, Адријана има спротивно мислење.
– Јас не ни осетив дека имаше некој преокрет пред кор она и после кор она. Се вратија свирките, но мислам дека се ми е исто, вели Адријана.
Со музиката слободно можам да кажам дека го прошетав цел свет. Нема кај што не сум била, затоа викам, да ти плати некој да прошеташ да испееш и да изгледаш како царица е плус кај нас.
Јас затоа викам, десет деца да имам една пејачка нема да пуштам да биде. Пред да почнам професионално знам дека сум собирала по 5, 10 денари за да купам тост, раскажува Адријана во емисијата 7/8.
Адријана е често активна на социјалните мрежи каде објавува свои, најчесто, прово кативни фотографии кои го истакнуваат нејзиното обликувано тело, но и фотографии од приватниот живот.
Така, овојпат пејачката сподели емотивна порака посветена на нејзиниот верен долгогодишен пријател којшто повеќе не е во нејзиниот живот.
„Мојот Бади. Ти благодарам што беше мој најдобар пријател последниве 14 години. Ќе те сакам засекогаш мој ангеле. Ќе ми недостасуваш многу“, напиша Адријана.