Филип Иванов: Следниот пат кога ќе пуштаме 100 денари за лекување на некое детенце, нека ни биде ова пред очи

  • By admin
  • март 18, 2021
  • 0
  • 2351 Views

Пастор Филип Иванов кој е докажан хуманитарец кој помогнал на многу фамилии и поедин утрово се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој што вели:

Следниот пат кога ќе пуштаме 100 денари за лекување на некое детенце, нека ни биде ова пред очи. Следниот пат кога ќе даваме корка леб на некој изгладнет наш сограѓанин, нека ни биде ова пред очи.

Следниот пат кога ќе ја видиме очај ната состојба во некои од училиштата, болниците и касарните низ Македонија, нека ни биде ова пред очи. Следниот пат кога ќе ни текне колкава е социјалната помош во државата, нека ни биде ова пред очи.

Следниот пат кога ќе нè убедуваат дека е кр иза, па државата нема пари за ова или она, нека ни биде ова пред очи.

Иако листата може да продолжи до недоглед, за крај, следниот пат кога ќе ги чуеме нашиве политичари (со чест на исклучоци) да го „хвалоспеваат“ НАТ О и наводните придобивки од нивното друштво, нека ни текне дека сега чекаме вакцини и помош од Русија и Кина, а ова повторно нека ни биде пред очи.

Како потсетник дека денес таа организација не е ништо друго освен капиталистичка вое на машинерија, заинтересирана само за пари и моќ, што попатно ја има пролеано кр вта на стотици илјади невини луѓе и деца.

Па ако дојде ред, ќе ја пролее и нашата, или во најмала рака – нема да мрдне со прст додека некој друг го прави тоа, за нивните интереси, се разбира…

210 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НАШИ ПАРИ, ЗА 54 ВОЗИЛА. ЕДНО ВОЗИЛО – 3.9 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.