Сведоци сме дека Македонија забрзано се празнеше во изминатите година пред појавување на вирусот, а овој тренд забави благодарение на веќе споменатата причина.
Сепак интресот кај многу Македонци за напуштање на државата е голем, а се очекува со олабавување на мерките, иселувањето да продолжи, а како и нема после последниот податок кој е уште една причина плус.
Плата расте – куповната моќ во слободен пад. Според анализите на даночните експерти иако просекот за една година има раст од 5 проценти, граѓаните ниту приближно не може да ја купат истата количина на производите како лани.
Па така годинава имаат кусок од 60 литри бензин месечно во споредба со лани. Со овогодинешната заработка можат да купат 197 литри помалку дизел, 104 литри помалку земјтин, 147 килограми шеќер и 57 литри помалку млеко од лани.
Според експертите ова се случува затоа што цените растат побргу од платите.
– Растот на платите ја губи „битката“ со значително поголемиот раст на цените на мало, на избрани производи и услуги важни за потрошувачката на граѓаните.
Растот на цените не енергенсите се темели главно на увозната компонента, односно на растот на берзанските цени. Овој тренд ја натера и НБРСМ да ја зголеми таргетираната стапка на инфлација од 1,5% на 2,2% за 2021 година, вели даночниот експерт Павле Гацов во изјава за Сител ТВ.
И статистика измери раст од 4 проценти на цените на производите за една година, и скок од 2, 5 отсто кај трошоците на живот.
Од владата пак уверуваат – економијата полека заздравува, платите се зголемуваат, но и вработувањето.
И покрај зголемувањето на цените од владата не очекуваат зголемување на процентот на инфлацијата, останувата на проекциите од 2, 1 процент од БДП.