Упорноста се исплати: Јоцо од Македонска Каменица по две години рачно копање нашол водата за својот дом

  • By klaster2
  • ноември 9, 2021
  • 0
  • 497 Views

Ја живееме трета деценија од 21 век, време кога имаме модерен свет и време со високи технолошки достигнувања. Но се уште имаме семејства кои ги немаат основните услови за живот.

На само неколку километри оддалеченост од урбана и модерна околина во атарот на селото Дулица-Каменичко живее семејството на Јоцо.

Ипокрај имањето на водоводна мрежа се соочувало со недостигот на вода, а кога доаѓале потоплите денови немало ниту за основните потреби.

Ниту вода за пиење ниту за вршење на најосновните работи и сето тоа во 21 век, навистина е незамисливо, па така ова семејство посегнало по решение.

Ма ката го натерала човекот да изнајде решение за да обезбеди вода, па така Јоцо како глава на семејството рачно копал за да стигне до вода.

Тој во близина на домот започнал со копање, а претходно теренот го испитувал со стар метод, односно со прачки од дрва.

Ова бил макотрпен процес, во кој цели две години тој ископувал со разни алати како што се мотика, копач и лопата, а целта била постигната.

– Ние имаме водовот, но недостигот е очигледен немаме ниту за основните потреби, па так се решив да копам, најпрво со прачки го испитавме теренот.

– Тоа беше долг период, некаде околу две години, јас копам тоа пропаѓа и така многу пати. Но по некое време излезе вода и јас ја спроведов до мојот дом.

– Земјиштето паѓаше, имав неколку проблеми и секако ри зик, но за среќа успеавме во намерата и добивме вода, вели Јоцо за телевизија ,,М- Нет”

И покрај можноста за свлечување на земјиштето, сепак упорноста и желбата на Јоцо биле поголеми и тој е пример како главата на семејството се бори за опстојување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.