Како што јавуваат тамошните медиуми Италија одобри нов пакет помош во вредност од 17 милијарди евра за заштита на компаниите и семејствата од зголемувањето на трошоците за енергија и зголемувањето на цените на храната, пишува Ројтерс.
Еден од последните значајни потези на премиерот во заминување Марио Драги пред изборите следниот месец, следи по веќе постоечката финансиска помош од 35 милијарди евра, буџетирана од јануари за да се ублажи влијанието на огромните трошоци за струја, гас и гориво.
„Овој пакет има за цел да го заштити економското закрепнување на Италија во услови на влошување на меѓународната средина“, рече Драги пред новинарите.
„Подготвени сме да донесеме нови мерки доколку е потребно“, додаде тој.
Како дел од пакетот, официјален Рим ги продолжи до четвртиот квартал од оваа година постоечките мерки насочени кон намалување на сметките за струја и гас за семејствата со ниски приходи, како и намалување на таканаречените „системски трошоци“.
Предложениот пакет мерки се планира со цел намалување на сметките за струја и гас за домаќинствата со ниски приходи до четвртиот квартал од оваа година, како и намалување на т.н. давачка за „системски трошоци“.
Италијанската влада сака да го прошири кругот на оние со ниски и средни примања на кои би им исплатила бонус од 200 евра, а планирано е да го продолжи и намалувањето на акцизите за моторното гориво од 21 август на 20 септември.
Италија во втората половина од годинава ќе одвои 1,6 милијарди евра за намалување на даночното оптоварување на платите за вработените со годишен приход помал од 35.000 евра, а со цел да се поддржи куповната моќ на постарата популација.
Владата ќе ги зголеми пензиите за 2 отсто веќе од четвртиот квартал на 2022 година наместо претходно планираното во јануари 2023 година, што државната каса ќе ја чини околу 2,4 милијарди евра.
Како што е познато во оваа држава, поточно Италија живеат и работат голем број Македонски граѓани од кои многу имаат тамошни државјанства и дозволи за престој.