Трифун Костовски со апел до сите граѓани на Албанија

  • By admin
  • април 21, 2021
  • 0
  • 1400 Views

Познатиот македонки бизнисмен и стопанственик кој воедно важе за голем хуманист Трифун Костовски е мошне активен на социјалните мрежи во последно време.

Како што е познато, Костовски има и политички багаж со оглед на тоа што своевремено беше градоначалник на Скопје.

Вчера Трифун Костовски на своите профил на фејсбук сподели уште еден статус во кој што вели:

Васил Стерјовски, кандидат за пратеник во Собранието на Република Албанија.Почитувани пријатели и граѓани на Република Албанија.

За Васил Стерјовски, кого лично го запознав пред повеќе од 15 години како административец во Општина Пустец, Албанија, имам многу високо мислење како личност со посебно изграден став за својот Македонски идентитет.

Апелирам до сите граѓани на Албанија да му дадат поддршка за негов избор како пратеник во Собранието во република Албанија со што ќе покажат димензија на респект кон малцинствата кои се дел од Албанската заедница.

Посебно упатувам апел до Македонците од Пустец, Подгорец, Мала Преспа, Голо Брдо, да му дадат поддршка на претстојните избори на 25 април 2021 година, со што ќе докажат дека националното ткиво на Албанија го сочинуваме и ние Македонците од гореспоменатите краеви на Република Албанија.

Васко, ти посакувам успех и да истраеш во твојот зацртан пат. Во лицата како тебе кои делуваат како Македонци во соседните држави се само уште една потврда дека сме постоеле, постоиме и ќе постоиме како посебна нација Македонци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.