Трифун Костовски се потсети на моментот со Раде Шербеџија во Германија

  • By admin
  • март 9, 2022
  • 0
  • 359 Views

Трифун Костовски, познатиот македонски сопственик, хуманитарец и поранешен градоначалник на Скопје откако стана активен на социјалните мрежи е се поинтересен за јавноста.

Бизнис кариерата на Костовски почнува во почетокот на 1970-тите година.Неговиот подем започна далечната 1991 година во Виена, Австрија како основач на Кометал Трејд.

Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар.

Трифун Костовски како политичар најмногу го опишува неговото мото „За мене единствена партија е Македонија“. Во својата работа како независен пратеник, член на многу домашни и меѓународни организации и градоначалник на Скопје, Костовски секогаш на прво место ја става Македонија и нејзините граѓани, нивните потреби, почитувањето на човековите права и достоинството на сите Македонци и земјата на која и го посвети својот живот.

Трифун Костовски животот го посветува на помош на оние на кои им е најпотребна, грижа за науката, културата и уметноста, иако јавноста најмногу го знае по неговото спонзорирање во спортот.

„Многу луѓе ме сметаат за богат човек и во право се, јас токму така се доживувам. За жал многу малку луѓе низ животот успеваат да се почувствуваат богати, а јас сум среќен што животот ме „научи да сум богат“ – има кажано Трифун и придодадено:

Тоа што сум пораснат со вистински вредности ми помогна секогаш да можам да правам разлика помеѓу вистинското и лажното богатство. Она лажното, се изразува во пари, бројки, сметки … и причинува моментално задоволство кое бледее секој ден се повеќе.

Како Македонец, во животот се фокусирав на она вистинското, трајното, исконското. Она коешто секој патриот треба да го создава доколку му се пружи шанса.

Моето богатство е наше, моето богатство е нераскинлив дел од нашата богата историја и сметам дека дојде време да го споделам со јавноста.

Трифун се огласи на својот профил на Инстаграм каде што исто така е активен и сподели фотка покрај која напиша:

2015 година во библиотеката на Хумболт Универзитетот во Берлин. На овој Универзитет во состав на Македонско-Германско жири, беа доделeни две награди во сферата на културата и сферата на стопанството за Југозападен Балкан.

Добитници за 2015 година бевме господинот Раде Шербеџија за култура и уметност, а јас како стопанственик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.