Тринаесет годишниот Бојан нема среќно детство, приморан е да работи од утро до мрак за да не остане гладен

  • By klaster2
  • ноември 16, 2021
  • 0
  • 398 Views

Бојан Радуловиќ (13) живее со својата мајка и таткото кој има психички проблеми, вујко кој има проблеми со срцето и старата баба.

Овие луѓе се симнале од планината во село Топлац со надеж за подобар живот, но ништо не е сменето, живеат од социјална помош од 9000 динари.

Малиот Бојан спие со родителите, немаат бања, а тие немаат вода, едвај успеваат да скрпат крај со крај, но често остануваат во безнадежност.

Чуваат добиток, работат хонорарно кога некој ќе ги повика, родителите на Бојан велат дека тој кога не оди на училиште често работи за 1000 динари по цел ден.

Малиот Бојан пак нема среќно детство и детство како неговите врсници, да биде опуштен да си игра и забавува, туку е соочен со проблемите на семејството.

– Дојдовме овде во населено место мислејќи дека ситуацијата ќе ни се подобри и дека ќе имаме подобар живот сите заедно, но за жал не е така, вели мајка му на Бојан.

– Живеевме во планина во уште полоши услови, но сега овде во 21 век немаме ниту бања ниту вода, значи ги немаме основните услови за живот, додава таа.

– Земаме социјална помош, која можам да кажам дека не стигнува ниту за половина месец, ту ваму ту таму, само трошоци.

– Имаме малку добиток, па благодарение на него се прехрануваме, но и продаваме нешто, да не се тие ситауацијата би била уште потешка.

– Синот Бојан кога не оди на училиште оди и работи по цел ден за 1.000 динари, мал е знам и жал ми е што го гледам така но тоа е…

– За жал сопругот не е способен за работа има свои проблеми, се грижиме еден за друг овде, тука е и свекрвата која е стара и изнемо штена, вели таа пред хуманитарката Тамара Мисирлиќ која ја рашири приказната за ова семејство на социјалните мрежи со цел да се помогне.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.