Трајче од Крива Паланка: Кај нас младите зборуваат само за Германија, но таму се работи, а овде кај нас не сакаат

  • By klaster2
  • декември 20, 2021
  • 0
  • 429 Views

Паланчанецот Трајче Величков е пензиониран во ен старешина. Кој бил ангажиран во Белград скоро осум години, но покрај тоа тој има друго занимавање.

– Работев во Белград осум години бев во неколку оддели, потоа бев и во Петровац, стекнав некој средства и со помош на моите си купив автомобил, што тогаш беше поим.

– Потоа одлучивме да го продадеме станот во Скопје со моите и да се вратиме во родната Крива Паланка, каде што работам со дрводелската работилница.

– Од дете сум вљубеник во дрвата и работа со тоа, посетував општо- техничко образование и се интересирав доста во дрводелските работи.

– Знам да работам и со иверица, но сум насочен кон обработка на тешки дрва, за мене број еден дрво е брестот, ама го нема толку.

– Потоа цреша па орев, даб. Исто така се занимавам и со металство, кое дојде како резултат на потреба за да имам машини.

– Ти треба машина, а неможеш да купиш бидејќи се многу скапи. Имам изработено околу десет машини, а уште десет се во доизработка.

– Главни извори на делови за машините се отпадите. Таму може да најдете се. При изработка на предмети од дрво се мора да биде внимателно и до детал изработено.

Трајче пак до сега има направено многу масички, летниковци, лежалки, плакари, кујни, троседи, спални, а најголема изработка е машината за цепење на дрва.

– Кога ќе изработите нешто уникатно чуството е одлично, но уште поголемо чуствто е кога ке му го поклоните на некој тоа а тој ќе се воодушеви.

Како што вели пред камерите на ,,Зевзекманија” пари не зимам, а нарачки не примам, ова ми е хоби вели Величков, кој има порака и до младите:

– Кај нас кај младите се збори само Германија и Германија. Па тие таму работат, а овие кај на сакаат да работат и неможеш некој млад да најдеш да работи.

Трајче можел да остане во Белград, да остане во Скопје, да ужива во својата пензија, но тој одбрал и се вратил во своето родно место и другарува со дрвото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.