Тони Цетински проговори за дуетот со Тоше Проески: Многумина се прашуваа зошто го снимив со него

  • By klaster3
  • април 30, 2022
  • 0
  • 377 Views

Еден од најпопуларните регионални пејачи во својата богата кариера, има настапувано на многу фестивалски сцени. Својата публика ќе ја израдува со новата песна што ќе ја изведе на возобновенатa Белградска пролет.

Пејачот Тони Цетински гостуваше во емисијата „Пулсот на Србија“ и се присети на незаменливиот македонски пејач Тоше Проески.

Несомнено Тоше Проески е една од најголемите музички икони, легенда, амбасадор и хуманист кој излегол од Македонија и ја презентирал во светски рамки.

Проески го загуби животот во сообраќајна не среќа кај Нова Градишка, а Цетински се присети на соработката и пријателството со него и откри нови детали.

– Сакам да им помагам на помладите, го немам тоа его и проблемот дека некој ќе ме загр ози. Тоа беше најактуелното прашање кога снимив дуетска песна со Тоше Проески.

Се разбира, некои се прашуваа како и зошто. Па зошто да не направам дует со некој кој убаво пее?, вели Цетински. Тој исто така истакна дека никогаш не бил с уетен, и дека сака да работи со помлади колеги.

– Овој начин на размислување е старомоден, од некои стари системи, каде што некои постари пејачи се држат до себе и внимаваат некои помлади да не ги надминат со своето пеење, заклучи Тони Цетински.

– На фестивал во Бихаќка за време на пробата за првпат слушнав таков глас, таква интерпретација. Иако беше проба, тој секогаш даваше 120 проценти од себе.

Се сеќавам дека мислев дека треба да побрзам да видам кој пее. Видов човек кој не личи на човек, тоа беше нешто вонсериско, не само физички, туку и пеењето од длабочина, колку даваше со својата понизност и однесување, почит кон сите околу него.

Иако беше помлад од мене, научив многу од него. И денес неговите зборови, сфаќања се насоки во мојот живот и така ќе остане додека сум жив“, изјави Тони за Курир.

– Откако го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Имаше период на гне в и чувства на не правда каде што застранив. Одев со главата во ѕид, тотално залутав и тргнав во погрешна насока – изјави Цетинкси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.