Писмата и коментарите од македонските иселеници веќе станаа секојднеиве. Секој на свој начин си ја доживува Макеоднија и има што да каже за животот во странство.
Еден од нив е 45 годишниот Тони кој неколку години по ред лебот си го вади во две европски земји. Неговата порака ја пренесуваме во продолжение:
Веќе долги години сум иселен од дома и си велев цело време ќе стојам понастрана од Фејсбук, од коментари за Македонија ама веќе не можам да издржам.
Не сакам да на вредувам некого, да обви нувам за ситуацијата во која е дојдена Македонија зашто сепак мали деца имам не сакам да ми се врати по глава. Но, слободно можам да кажам дека пред 20 години многу поубаво се живееше долу.
Пари секако немавме ама барем не се секиравме за други важни работи. Сега, од тоа што го слушам од роднините долу, едвај крај со крај се сврзува и нема шанси да заштедиш нешто. Фала му на Бога јас се извлеков одамна од таму.
Пари ми требаа за да си ја реновирам куќата и да се оженам. Како млад заминав прво во Словенија да работам, кумот беше таму, па покрај него и јас. Работата главно ми беше во градежно, лепење плочки, молерисување, поправање уреди.
Се што можев пробав од работење во и околу куќите. Не ми се допаѓаше многу животот таму, помали плати и сам се решив да се преселам во Италија после 5 години. Почнав сам прво по лозја да работам дури се снајдам со стан и со работа која ја сакав.
Секој што почнал живот надвор од Македонија знае колку се тшеки првите неколку години на непознато место. Ама се навикнав, на крај најдов и работа во градежна фирма и еве до денес сум лојален работник таму.
Се оженив со Македонка и имаме три дечиња кои одат на училиште. Сите ми се родија тука во Италија, убаво живееме можеме да им приуштиме на децата што сакаат, ама многу штедиме. Искрено на одмор не сме ги носеле многу одамна, само дури беа мали.
Сега трошоците ни се многу поголеми, па и сакаме за нив да оставиме нешто настрана – не е работата се да испотрошиме на луксуз. Но има и зошто, стан си купивме, кола од салон се од заштедени пари.
Муабетите што ги слушам за во Македонија се навистина ло ши. Како скокнале цените на основните продукти и сметки, луѓето едвај може тоа да си го платат, а камоли нешто друго.
А за политиката и недостатоците на општеството ни да не почнувам. Секој еден таму е свесен дека ништо не чини во државата, ама, ако има корист останува во неа, ако нема, си бега од таму.
Никој не е будала да работи негде каде што не му го ценат трудот и го плаќаат минимално. Европа си е Европа, висок стандард на живот, ред, функционална администрација којашто не ја чекаш со недели за еден лист.
Секогаш кога доваѓаме таму, на некои 3-4 години, и ни треба македонски документ, ние никако не стигаме да си тргнеме назад навреме баш заради тие одолговлекувања од страна на вработените на шалтер.
И на мора да преземеме стр оги мерки или да фаќаме врски за да ни завршат работа. Е затоа, аплициравме и едвај чекам да си го земам италијанското државјанство и иако можам да го задржам македонското, јас ќе се откажам од него.
Ни јас планирам да се враќам да живеам таму, ниту пак децата сакаат или имаат некоја носталгија. Овде ни е сигурна иднината и се надевам дека ќе си дочекаме овдешна пензија, таму не сакам ни ден стаж да имам.