Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.
Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.
Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.
Актерот од 2011 година е во брак со Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.
Александра и Тони се венчаа во црквата “Св. Димитрија”, а потоа свадбената прослава ја направија во ресторанот “Тга за југ” во Старата Чаршија. Актерот е 13 години постар од својата сопруга.
Заедно го имаат синот Максим, кој е втор син на Тони, а прв на Александра. Тони од првиот брак го има синот Александар Михајловски.
Пред некој ден неговата сакана славеше родендене а Шанац во негов стил, креативно, со доза на ромнатика, но и чувство на хумор и го честиташе роденденот.
Среќен роденден љубаво.Ти посакуваме многу здравје и уште многу родендени да славиме заедно. Секако и нерви за да не издржиш нас, зан есените уметници што секојдневно ти го разубавуваме животот.
Биди ни жива здрава и насмеана. Дебелиот, Малиша, Лаки и останатите