Тони Михајловски: Бадијала, џабе лаете

  • By klaster3
  • јули 6, 2022
  • 0
  • 528 Views

Деновиве актуелна тема во македонската јавност, но и пошироко секако се секојдневните протести на македонскиот народ против францускиот предлог за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.

Тони Михајловски важи за еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време е активен и во политиката.

„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“ , рече Михајловски во една прилика.

Михајловски беше и кандидат за градоначалник на Куманово, но не успеа да влезе во вториот круг, по што се сврте на своите проефесионални обврски.

Тој е секојдневно активен на социјалните мрежи каде без влакна на јазикот го искажува своето мислење во врска со настаните кои се случуваат во Македонија, па така и овојпат сподели статус посветен на европските емисари.

„Драги европејски емисари, да не кажам кучиња и куч ки белосветски, бидејќи од вашите усти слушам само лаење колку и да го покривате тоа лаење со зборови на добронамерност, џабе лаете!

Не се сомневам дека ќе успеете во вашите традиционални и вековни идеи за бришење на Македонија и Македонците. Но тоа само на хартија може да биде така. Затоа бадијала, џабе лаете.

На хартија ни забранивте да ја вееме на нашите знамиња ѕвездата од Кутлеш. Сеуште ја вееме. Не разбравте изгледа дека што и да ни забраните само ни ја зголемувате љубовта кон истото.

Ни станува уште послатко, помило и побитно од порано. Името, историјата, бор ците од минатото. Сѐ!

Исто како што Вие ја спроведувате агендата на вашите предци да ја нема Македонија и да биде поделена меѓу комшиите а Македонците да се асим илираат и да исчезнат,

исто а така и Ние како и нашите предци спремни сме и со пу шка да се бо риме против тие што ни кројат таква капа, да се бо риме за да ја има Македонија и да има Македонци. Тоа исто така треба да го знаете.

Мир нема да има ако ја нема Македонија или да ви преведам НЕМА МАКЕДОНИЈА-НЕМА МИР!, напиша Михајловски на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.