Толку беше – Венко Филипче реши дека е доста

  • By admin
  • септември 10, 2021
  • 0
  • 6778 Views

Како што е познато тројца фунционери, двајцата директори од тетовската болница и заменик-министерот за здравство поднесоа оставки преземајќи морална одговорност по случајот во модуларната ковид-болница во Тетово.

Заедничко за сите тројца е што во објавите наведуваат дека поднесуваат оставка од морални причини

Хасани нагласи дека иако немал никаква врска со процедурите околу формирањето на модуларната болница, поднесува оставка како највисок морален чин.

Директорот Бесими, нагласи дека после ваков немил настан, оставката е неизбежна.

Економскиот директор на тетовската болница Артан Етеми соопшти дека неговата оставка е чин на преземање морална одговорност и изрази оверување дека истражните органи и меѓународните експерти ќе ја утврдат причината.

Од одговорност никој нема да биде изземен доколку истрагата тоа го утврди, изјави министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес конференција.

“Во многу медиуми и поединци имаше повик за моја оставка. Дозволете да кажам дека од одговорност ниту бегам, ниту ќе бегам, но ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата” – изјави Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче, имаше свое обраќање во 19 часот од медија-центарот на Владата.

Венко Филипче за министер за здравство беше избран на 25 декември 2017 година. Филипче тогаш го заземе местото на Арбен Таравари, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Гостивар.

„Многу жал ам за Тетово, немам зборови што може да го опишам. Како лекар и министер имам интегритет и денес понудив оставка до Заев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.