Без сомнение ТВ презентерката Татјана Стојановска важи за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки.
Татјана беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година.
Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало.
Стојановска е една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.
Таа со години пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.
Пред неколку дена Татјана Стојановска гостуваше во емисијата „Приказна“ каде проговори за своите почетоци, но и на неколку други теми:
-Јас почнав многу млада, на неко 17-18 години, секако со неколку месечна обука во МРТ пред да почнам да работам пред камера. Најпрво како најавувач на програма а по неколку месеци ангажманот на утринската програма „Добро утро Македонија“.
-Се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано. Ги видоа моите перформанси. Сепак јас и како ученик внимавав на литературниот јазик.Јас го имав тој талент и дарба уште мала.
Во продолжение Татјана говореше на темата македонскиот литературен јазик
-Ние влијаеме со нашето говорење, да го научат децата правилниот изговор, да го научат младите генерации правилниот изговор, па еве ќе речам и во дијаспората влијаеме на младите, за да го следат и учат македонскиот литературен јазик. Тоа им е контакт со татковината.
Најмногу се греши во акцентирањето, особено политичарите кои се јавни личности кои влијаат доста на јавноста. Јас го имам приметено буквално, не знам зошто е тоа така, српското акцентирање кај сите политичари. Нема политичар кој можам да го издвојам кој може да кажам дека правилно акцентира.