Татијана Стефановска: Мажите не можат да се споредат со нас, ние што можеме да направиме, тие не можат ни за неколку години

  • By klaster3
  • јуни 14, 2022
  • 0
  • 406 Views

Една од најталентираните и најатрак тивните фолк-пејачки во Македонија несомнено е Татијана Стефановска. По потекло е од Битола и веќе долги години е на музичката естрада.

Татијана сепак не го занемарува својот изглед и кога не е на сцена, а како дама која често прави промени и не се пла ши од експерименти, се одлучи од редот на бринети да премине во впечаливи русокоси.

– Скоро 15 години професионално се занимавам со музика никогаш не ми дошло напамет да се бо рам преку некој, никогаш не сум ја имала таа потреба.

Секој просечен човек што би го прашале, а што не е толку навлечен на фолк музика, кои се популарни, поактивни изведувачи тие ќе ви кажат барем 5 – 10 и тука се знае кој вложува во себе.

Има и многу коишто тоа им е работа и си работат нонстоп по ресторани, не снимаат, меѓутоа чест и на тие колеги затоа што добро си ја работат работата.

„Горчлив шеќеру“ ја снимив пред да останам бремена, потоа фати пандемијата и така кога беше еден лош период за сите луѓе за мене беше најубавиот период затоа што бев бремена, вели Татијана.

Таа и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежаноски се заедно цела деценија. Бит ката на Татијана да се оствари како мајка траеше долг период и беше тешка тема за која пејачката избегнуваше да зборува во јавност.

Татијана пак, уште од првите месеци по породувањето им се врати на настапите, а во една прилика изјави дека најголемата помош и се сопругот, свекорот и свекрвата кои и помагаат во одгледувањто на наследничката.

Немавме работа, така што бременоста и ја сокрив. Можеби 80 посто од луѓето не знаеја дека сум бремена и се надевв дека ќе заврши убаво. Беа изненадени луѓе со коишто долги години сум во контакт и тоа беше најголемото изненадување од мене за минатата година.

Што е најчудно јас слушав само забавна музика и знаев неколку песни народни меѓутоа ме влечеше и таа музика. Дојде Валандово 2007ма, па реков сакам да настапам на овој фестивал и толку ќе биде, да излезам еднаш на сцена.

Меѓутоа луѓето кои беа околу мене не ми дозволија да прекинам. Благодарение на сите нив продолжив со оваа работа веднаш почнав да снимам.

Би им порачала на сите дека се има време за се, па и за мајчинството. Ние жените сме силн и и М.

Тие работи ние што можеме да ги направиме, тие не можат ни за неколку години, порачува Стефановска во интервју за Шоу Магазин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.